Фински обложувач го погодил подиумот во Италија

Фински обложувач го погодил точниот подиум од Италијанското Гранд При и на само 20 вложени центи добил 33.398 евра, пренесуваат финските медиуми.

Човекот од Тампере прогнозирал дека Пјер Гасли ќе победи на тркта пред Карлос Саинз и Ленс Строл, што математички значи дека “фтил“ коефициент од 166.990.

Гледано историски, изминатите години немаше вакви изненадувања на трка каде со само 20 центи можеше да се освои богатство поради толку промешан подиум. Во 2017 година во Баку имаше неочекуван подиум од Даниел Рикардо, Ленс Строл и Валтери Ботас, но 20 центи тогаш ќе ви донеле 3 пати помалку односно 12.639 евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ