Фитипалди во огромни проблеми, има 145 тужби против него

Двократниот Формула 1 првак, бразилецот Емерсон Фитипалди е во огромни проблеми и сериозен долг, судејќи по пишувањето на Folha de Sao Paulo.

Според весникот, против Фитипалди има вкупни 145 тужби со кои од шампионот од 1972 година и 1974 година се побаруваат над 8 милиони евра.

Освен своите две Формула 1 титули и успесите во врвната моторспорт тркачка серија, Емерсон има две победи на легендарната Индијанаполис 500.

Неговите проблеми беа очигледни и во 2016 година кога од него се побаруваа над 6 милиони евра и за наплата на долгот беше одземен негов имот меѓу кои и тркачки автомобили и освоени трофеи.

Speedweek пренесува дека тој успеал да сочува добар дел од своите средства, но повторно е во неволја. Најголем кредитор на бразилецот е Bank Safra која го обвинува возачот дека се обидува да го сокрие својот имот, а адвокатите на банката велат дека живее многу богато и имам многу имот во Америка, додека во исто време има и огромни долгови во Бразил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ