Фитипалди и Делетраз се резерви и тестери во Хаас

Американците од Хаас официјално потврдија дека Пиетро Фитипалди и Луис Делетраз ќе служат како официјални тест возачи и резервни возачи во текот на оваа тркачка сезона.

Кон крајот на 2018 година двајцата возачи имаа можност да управуваат со Формула 1 машинерија на Хаас и работеа како поддршка на Роман Гросжан и на Кевин Магнусен. Фитипалди беше тестер во тимот и лани, додека Делетраз одработуваше во симулаторот, но сезонава задолженијата ќе ги делат обајцата.

сакавме ова да го објавиме за време на австралиското гранд при на почетокот на сезоната, но развојот на настаните и приоритетите кои се појавија со корона вирусот не спречи во тоа.

пиетро и луис се докажаа кај нас минатите 12 месеци и воодушевени сме што можеме да потврдиме дека двајцата се наши официјални тест и резервни возачи сезонава.

нивната работа во симулаторот носи голема вредност кај нас по промените во пресрет на минатрата сезона и поради тоа сме возбудени да продолжиме да соработуваме со нив и годинава. ќе им дадеме поголемо учество во нашата тркачка програма како поддршка за роман и кевин како и целиот инженерски тим кој работи на вф20 болидот – појасни гунтер стаинер, шефот на екипата

Фитипалди годинава нема да се трка никаде откако Серџо Сете Камара беше доведен на негово место во јапонската Супер Формула.

никогаш не престанувате да учите во формула 1 без разлика колку време минувате во симулторот и во болидот. работам многу за хаас и возам повеќе од 2.000 километи на тест. возбудливо е што двајцата добиваме можност да работиме за екипата и да постигнеме многу во кус период за тимот – појасни фитипалди.

Делетраз ќе мора своите обврски во Хаас да ги балансира со Формула 2 сезоната која треба да ја одработи за Шаруз Рејсинг Систем.

да се биде официјален тест и резервен возач на формула 1 екипа е чекор кон мојата крајна цел, а тоа е тркање во формула 1. дебитирав во формула 1 со болид на хаас и природно е да сум воодушевен што добивам нова можност за нив во нивниот симулатор, но и во официјална улога како резервист.

дополнително за мене ќе биде и формула 2 сезоната како поддршка на гранд при викендите каде ќе можам повеќе да се тркам и да се докажувам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ