Фитипалди останува резерва во Хаас

Пиетро Фитипалди ќе остане на својата должност како резервен и тест возач на американски Хаас 5та година по ред.

Тој стана дел од екипата во пресрет на 2019 година, а го замени повредениот Роман Гросжан на последните две трки од 2020 година. Бее и во комбинација да го замени Никита Мазепин по неговото заминување, но тимот се реши за Магнусен. Тој остана дел од тимот како поддршка.

 претходно кажав дека континуитетот и константноста се клучни за успех воформула 1, а тоа што пиетро ќе остане со нас и оваа година ме тера да верувам дека имаме силни темели на екипата.

во формула 1 треба да може да реагирате до најситен детал во секоја ситуација, а пиетро е докажан возач кој е подготвен да вози ако му се укаже шанса за тоа, како што два пати покажа во 2020 година.

лани учествуваше на предсезонскиот тест, доби две тренинг сесии и возеше на тестот по крајот на сезоната посочувајќи дека ланскиот вф-22 одговара на неговиот агресивен стил на возење што беше одлично ако се земе во предвид колу малку време имаше на располагање.

тој е вредност средство на тимот и етрпелив сум на продолжување на соработката – изјави гунтер стаинер, шефот на екипата.

Своето резервно место во Хаас бразилецот ќе го комбинира со возење ЛМП2 класа во ВЕЦ.

среќен сум и задоволен што ќе продолжам со хаас, екипата која ја сметам за семејство. лани одработиве две тренинг сесии во сезоната, тестирав пред и по крајот на првенството така што подготвен сум.

Американската екипа е единствеа која во моментов нема закажано промоција на болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ