Фитипалди сака Хамилтон да освои 7ма титула во друга екипа

Двократниот Формула 1 шампион, бразилецот Емерсон Фитипалди, смета дека Луис Хамилтон би станал уште поголема легенда доколку освои шампионска титула во друга екипа.

Постојат шпекулации дека шесткратниот шампион е можно да замине од Мерцедес на крајот на неговиот договор и да премине во ривалите Ферари. Хамилтон веќе освои титули и со Мекларен и со Мерцедес, но Фитипалди смета дека седма титула со друга екипа ќе ја потврди неговата легендарност.

Би сакал тој да премине во друга врвна екипа и да освои титула на друго место. Ако освои титула со уште еден тим, тоа ќе направи уште поголем.

Бројките не лажат. Сигурен сум дека тој уште ќе победува. Во секој спорт се важни бројките. Тоа е нешто што значи и мислам дека тој може да го сруши рекордот на Шумахер. Физички и психолошки е подготвен за повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ