Форбс ги откри 10те најплатени возачи

Форбс објави листа од 10те најплатени возачи во Формула 1 на која секако дека на прво место е актуелниот и седумкратен шампион, Луис Хамилтон.

Британецот Хамилтон го држи првото место на листата на најплатени возачи од 2014 година, а Форбс проценува дека годинава заработил 55 милиони долари по основ на плата и дополнителни 7 милиони долари во бонуси, односно вкупно 62 милиони долари.

Доколку Хамилтон успее да го победи Макс Верстапен и да стигне до нова титула, Форбс претпостаува дека ќе инкасира 66 милиони долри, а доколку Макс биде првак ќе инкасира 42 милиони долари и ќе биде на второ место на Форбсовата листа

Спонзорите се друга тема, а од нив црномурестиот британец инкасирал 12 милиони долари од нив. Верстапен е негова спротивност и не прадира по падокот во најнова, благо кажано чудна мода, така што не е ни чудо што спонзорите му носат по само околу 1 милион долари годишно на холанѓанецот

На трето место на листата е Фернандо Алонсо чие враќање во падокот ќе го чини Алпин основна плата од 25 милипнони долари, додека во топ 5 се уште и Серхио Перез и Себастијан Фетел.

1 Луис Хамилтон $62 милиони
2 Макс Верстапен $42 милиони
3 Фернандо Алонсо $25 милиони
4 Серхио Перез $18 милиони
5 Себастијан Фетел $15 милиони
6 Шарл Леклер $12 милиони
7 Валтери Ботас $10 милиони
8 Даниел Рикардо $10 милиони
9 Ландо Норис $9 милиони
10 Карлос Саинз $8 милиони

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ