Формата на Рено годинава нема да биде доволна да се задржи Рикардо

Не многу оптимистичките очекувања од Рено во врска со сезоната која е пред нас значи дека ќе треба голема посветеност и верба во проектот од страна на Даниел Рикардо за да тој остане во екипата и во периодот кој следува. При промоцијата на болидот, французите појаснија дека очекуваат да бидат помеѓу водечката 4ка, но тоа значи уште една сезона во која австралијанецот нема да се бори за врвот.

Договорот на Рикардо е со важност до крајот на оваа сезона, а се чини дека празни места ќе има во сите екипи од водечката тројка, така што Рено ќе имаат многу работа да го задржат возачот кај себе.

Алан Прост, инаку Неизвршен директор на Рено, смета дека тимот мора да прифати дека само добрата форма годинава нема да е доволна за да се убеди Даниел да остане во екипата.

мораме да ја кажеме вистината и да откриеме дека немаме многу високо очекувања за сезонава што е штета за даниел затоа што и во втората година кај нас нема да биде како што тој сака. мислам дека повеќе треба да почувствува самиот што ќе се случува од следната година и да биде реален во врска со понуди од други тимови.

самиот ќе реши и ќе преговараме кога ќе биде подготвен. не е се во наши раце и под наша контрола, тоа е сигурно – смета прост.

Самиот возач откри дека сеуште не размислувал за своите опции за 2021 година, но стави јасно до знаење дека сеуште верува во проектот на Рено.

немам договор со рено по крајот на оваа сезона, но без разлика дали ќе продолжиме или не, јас сум целосно посветен овој проект со рено да успее. не сум размислувал за никакви сценарија да бидам на друго место, а минатата година беше непознаница, но сметам дека претсојнава година ќе биде во добра насока, повеќе работи ќе се решат и мислам дека ќе останам.

верувам дека ќе пијам вино од патиката со жолт болид, верувам во тоа и сигурен сум дека ќе ги жнееме плодовите н напорната работа.

јас сакам да работам и сакам да имам успеси во тоа така што без разлика што ќе се случи, моржам да бидам горд затоа што сум дал себе од се и така ќе продолжам.

Првиот човек на тимот, Сирил Абитебул, смета дека шансите за задржување на возачот ќе бидат дефинирани многу рано, врз база на напредокот кој ќе го направи тимот во текот на зимата.

клучен ќе биде тајмингот од очигледни причини. сите сакаме брзи одлуку, но треба време за да видиме како се развиваме како екипа, како работиме заедно и за што сме пособни затоа што да бидам искрен, лани пропуштивме да ги оствариме целите.

се надевам дека годинава ќе бидеме подобри, но прво сакам да видам дали можеме да направиме победнички болид, затоа што ако не го можеме тоа, не знам зошто сме во спортот и целосно би го разбрал рикардо.

следние неколку недели ќе бидат клучни за да се види дали и колку болидот е подобрен и дали приоритетите кои ги поставивме во текот на зимата се остварени успешно.

Сирил е свесен дека добрите возачи кои ги имал тимот се плод на реномето на тимот, но французинот е свесен дека во некој момент тие мора да испорачаат.

мислам дека имавме одлични возачи поради очекувањата од рено како традиционално силен тим. но во некој момент тоа ќе престане и мора да испорачаме повеќе од само ветувања за да останеме добар тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ