Формула 1 добива химна

Еден од водечките композитори во Холивуд, Брајан Тајлер откри дека е одбран да напише химна, односно музика по која ќе бидат препознатливи Формула 1 преносите.

Тајлер има создадено многу култни музички нумери по кои се препознатливи како на пример музиката за The Fast and Furious, Avengers: Age of Ultron, Thor: The Dark World, Iron Man 3, The Mummy и Rambo.

Огромна чест е што сум избран да компонирам музика за формула 1. Ова е исполнување на сонот затоа што сум огромен љубител на Формула 1. Ви благодарам Формула 1. Почнувам – напиша Тајлер на својот Твитер профил.

Сеуште не е јасно како ќе се користи музиката која требада биде заштитен знак на спортот, е можно е да биде заменет препознатливиот тон на почетокот на Формула 1 преносите кој датира многу одамна. Новата химна треба одлично да одговара со новото лого кое е претставено лани како дел од новото лице на спортот.

Ова е логичен чекор особено откако Либерти напорно работи на подобрување и темелна промена на преносите од трките така што новата музика треба одлично да се вклопи и во новиот Ф1 ТВ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ