Формула 1 останува во Барселона до 2026

Шпанското Гранд При ќе остане во Барселона најмалку до 2026 година откако Формула 1 се согласи на нов договор со промотерите и локалната власт.

Автодромот Барселона – Каталуња е во спортот без прекин од 1991 година и е една од најдолго присутните патеки во тркачакта серија. Но, иднината на патеката не беше извесна во последно време поради локалната власт и потребата да се направи финансиски одржлива трка.

Формула 1 потенцираше дека застарената патека која е изградена во пресрет на Олимписките игри во Барселона во 1992 година ќе биде подобрена и мдоернизирана со цел да биде во тек со најмодерните автодроми од календарот.

сакаме да им се заблагодариме на промотерите и на локалната власт за нивната вклученост и поддршка да продолжим да градиме однос и соработка во годините кои следат.

како дел од новиот договор, подобрувања и модернизирања на патеката и околноте објекти мора да бидат направени пред трката на 22 Мај 2022 година, вклучително и подобрувања во однос на амбициозниот план за одржливост на автодромот.

вообушевени сме што можеме да го објавиме овој договор со автодромот барселона – каталуња. сакам да им се заблагодатам на промотерите и локалнава власт за ентузијазмот и посветеноста да се задржи формула 1 во барселона со подобрувања на она што веќе го имаме како патека и обејтки и продолжување на долгата заедничка историја.

екипите и возачите секогаш се нетрпеливи да се тркаат и да ја посетат барселона, а шпанските фанови ќе продлжат да ги гледаат своите национални херои фернандо алонсо и карлос саинз – изјави стефано доменикали, шефот на спортот.

Роџер Торент, Каталонскиот министер за бизнис и работна сила, кој во исто време е и претседател на организациониот одбор на патеката, стави јасно до знаење дека оджливоста била примарна во новиот догово.

го поздравуваме продолжувањето на договорот кој вклучува многу голема посветеност за да му помогнеме на автодромот и да го направиме модел и репер во светот за одржливост. сакаме патеката да стане зелена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ