Формула 1 подготвена да се откаже од некои трки за да воведе нови

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на Формула 1, предупреди дека некои трки од актуелниот календар може да го загубат своето место за да се донесат нови трки. 

Со новиот Конкорд договор, дозволени се максимални 25 трки. За да се постигне таа бројка и да се направи сезоната поинтересна, може некои постоечки трки да се заменат со нови или да се воведе ротација. 

Има промотери на кои им истекува договорот и некои што не сакаат да се на календарот. Другите кои се во друга ситуација може да се ротираат. Наскоро ќе се соопшти изборот. На пример, Кина е сеуште во лоша ситуација – посочи италијанецот.

Во моментов Франција, Монако, Белгија и Мексико немаат дооговр за наредната година. Со промените во календарот, Доменикали смета дека нема проблем да се направат три трки во САД и тоа во Лас Вегас, Мајами и Остин. 

Интересот за Формула 1 во Америка е неверојатен. Нема да погрешиме ако ја искористиме шансата. Интересно е и во Кина каде доаѓањето на Гуанју Жу го зголеми интересот. Ферари е интересен секаде.

Од Кина добиваме нови барања за организирање на трка и Жу сега ќе ја вози првата трка во неговата Формула 1 кариера. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ