Ф1 подготвена за нов тим на гридот

Формула 1 е подготвена да разговара со потенцијален нов тим кој би донел финасиска и спортска вредност на гридот. 

Спортот работи со 10 тимови од 2017 година додека претходно имаше 12 екипи,  потоа Манор и Катерхам пропаднаа, а во 2016 година се приклучи Хаас и одтогаш нема нови тимови. 

Мајкл Андрети сака да се приклучи на Формула 1 гридот откако успешно раководи со Андрети Аутоспорт во повеќе тркачки серии во Америка. Многу од шефовите на тимовите се против нов тим на гридот од проста причина што поделбата на наградниот фонд ќе биде на повеќе делови . 

Но, шефот на Ф1, Стефанов Доменикали, изјави дека веќе има шанси за нов тим на гридот и спортот е подготвен за преговори. 

Веруваме дека нов тим ќе ја зголеми вредноста на Формула 1 и главен чекор е ние и ФИА да се договориме за тоа. Мислам дека прво мора да размислиме за евентуална можност на добивка во шампионатот.

Имаме внатрешни разговори и верувам дека има потенцијал во ова. Вредноста мора да се препознае од тимовите бидејќи тие не сакаат да се намали добивката од наградата. Ова е напишано во Конкорд договорот.

Наша цел е Формула 1 да биде во подобра позиција. Важна е финансиската страна и спортската страна. Нов тим ќе го подобри тркањето. Ја следиме ситуацијата и ги гледаме кандидатите затоа што Не сакаме да избрзаме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ