Формула 1 официјално со виртуелно првенство

Формула 1 се обидува да направи некакви трки и покрај кризата со корона вирусот и претстави свое официјално виртуелно првенство.

Неколку актуелни Формула 1 возачи и повеќе ѕвезди најавија дека првата трка во Бахреин ќе се вози на 22 март во 21 часот по македонско време. За потребите на првенството, ќе се користи официјалната видео игра Ф12019 од Codemasters и сервисот Gfinity за eSports.

Учесниците ќе може да ја возат секоја трка и ќе се емитува во живо. Трките ќе имаат половина од должината и ќе се глеадат на официјалниот Youtube, Twitch и Facebook канал на Формула 1. Виртуелното првенство требаше да започне кон крајот на Мај, но се донесе одлука тоа да се случи порано.

Задоволни сме што можеме да направиме вакво нешто за да не им недостасува забава на фановите. Секој важен спортски настан во светот е откажан и сега е наша шанса да покажеме што е електромски спорт – изјави Џулиан Тан шеф на еСпортс на Формула 1.

  • Гранд При трките кои не се достапни во официјалната видео игра за 2019, а се на календарот за 2020, ќе бидат заменети со алтернативни трки.
  • Виртуелното првенство може да биде продолжено и по Мај, доколку пандемијата од Корона вирусот доведе до дополнителни откажувања и одложувања на трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ