Формула 1 сеуште нема договор за Шпанија

Разговорите помеѓу локалната Влада, автодромот крај Барселона и Формула 1 сеуште траат околу договор за патеката со кој ќе се обезбеди иднината на Гранд При трката.

Мариа Теиксидор, која е нов шеф на Шпанското Гранд При, призна дека сеуште немаат договор со Либерти за 2021 година. 

Сакаме да останеме во Формула 1 бидејќи сме веќе историски поврзани. Имаме контакти и состаноци, но мора да се анализира оваа тешка година пред да се направи новиот календар. Поради ваквите моменти мислам дека нема потреба од брзање – смета Теиксидор.

Таа најави и останување на супер-интересната МотоГП серија во Барселона. 

Имаме уште една година од договорот и тоа не е итно. Како патека, сакаме да ги задржиме настаните од светските шампионати и пред да водиме разговори со двете страни треба да ги знаеме нивните планови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ