Формула 1 се врти кон Африка

Еден од приоритетите на Либерти Медиа во периодот кој следи е враќање на Формула 1 на Африканскиот континент, а Мароко и Јужна Африка се “во игра“.

Мароко беше домаќин на Гранд При трка во рамките на Формула 1 само во 1958 година на пат во близина на Казабланка, но земјата има свое место преку главниот град Маракеш кој беше домаќин на ВТЦЦ трки од 1009 година до 2017 година, а од 2016 година до 2019 година организираа Формула Е трки.

Последна Формула 1 трка на “црниот континент“ беше во 1993 година кога се одржа последото 20то Гранд При на Јужна Африка во Киалами, а претходно трката беше одржувана во градот Источен Лондон во истата држава. Во блиското минато неколку пати се размислувало за враќање на трката, а последен пат во комбинација беше главниот град Кејп Таун.

се тркаме на пет континенти, а последниот населен континент на кој не се тркаме е африка. имавме продуктивни разговори со јужна африка и до некој степен со мароко да ги однесеме трките таму. сме се тркале кај нив и порано, а ми кажаа дека поради политички причини трките прекинале, но размислуваме за тоа затоа што е многу важно за нас.

тоа е пазар на кој сакаме да се тркаме и да бидеме присутни затоа што ова е глобален спорт.

има историска патека во јужна африка, киалами. тоби вентер кој е генерален застапник за порше возилата во јужна африка ја купи патеката и целосно ја реновираше.

слично како и со другите пазари низ светот, имавме проактивен пристап во разговорите со претставници на маракеш во мароко затоа што и тие имаат патека. таа патека е помалку позната и мислам дека ја нема потребната дозвола од фиа, но имаат голем интерес – објасни маркетинг шефот на тркачката серија, шон брачес.

Тој смета дека е неизбежно и државата да се вклучи во еден таков голем проек.

каде и да видите во светот нашите трки ја придвижуваат економијата на соодветните градови и држави. голем дел од нашите трки се поддржани од владите затоа што тоа е добар концепт. градовите ни се благодарни затоа што економската корист за нив е многу голем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ