Формула 1 ја објави гледаноста

Британското Гранд При е на врвот по бројот на гледачи во трка, како и целиот Формула 1 викенд, откако привлече најмногу гледачи од сите трки во 2019 година.

Формула 1 потврди бројка од 4,164,948 гледачи според податоци од промотерите на трките, што е зголемување од 1.75 проценти во однос на претходната сезона. И во двете сезони имаше 21 трка, иако во 2019 година влијание над бројките беше откажувањето на саботните настани на трката во Јапонија поради лошите временски услови.

Британското Гранд При имало 351,000 гледачи, пред Мексико со 345,694 и Австралија на трето место со 324,100. Осум други трки имале повеќе од 200,000 гледачи, вклучувајќи ги Сингапур, Америка, Белгија и Унгарија. Формула 1 исто така постигна рекордна гледаност на Италијанското Гранд При со 200,000.

Најголемо зголемување споредено со 2018 година е постигнато во Канада (14.69 проценти), Кина (10.34 проценти), Австрија (9.73 проценти), Унгарија (9.52 проценти) и Италија (9.29 проценти). Гледаноста во Недела е зголемена за 4 проценти во однос на 2018 година.

Посетеноста во Падок Клуб-от оваа година била 80,118, 7.15 проценти повеќе од 2018 година, иако во бројките не се вклучени Австралија, Сингапур и Бразил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ