Формула 1 ја продолжи соработката со руски Match TV

Формула 1 објави дека го продолжува партнерството со руската телевизија Match TV која ќе ги задржи ексклузивнитр права за пренос на тркачката серија во Русија се до крајот на 2023 година.

Спортскиот канал и Формула 1 соработуваат од почетокот на 2017 година, а првичниот нини договор беше со важност од три години, односно до 2020 година.

Пакетот на права за Формула 1 ги вклучува и правата за пренос на Формула 2 и Формула 3 тркачките серии со отворени спортски едноседи како и Порше Суперкуп.

За прв пат целат Формула 1 тркачка сезона во Русија ќе може да се следи и на апликаицјата Ф1ТВ. И досега апликацијата беше присутна во Русија, но не со преноси во живо туку само како основен пакет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ