Формула 2 и Формула 3 почнуваат со штедење од следната година

Формула 2 и Формула 3 објавија нови мерки за штедење за следната година со цел да се намалат трошоците во тие јуниорски серии.

Двете првенства ќе се возат на помалку патеки од вообичаено, а секако дека Светскиот Мотор Спорт Совет треба да го потврди тоа, се со цел да се намалат трошоците. Исто така, наместо досегашните две трки по викенд, ќе се возат по три трки и ќе има вкупно осум рунди во календарот во Формула 2, односно вкупно 24 трки следната година, додека Формула 3 ќе има еден тркачки викенд помалку.

Сите трки во јуниорските серии ќе се одржуваат паралелно со Формула 1, но Формула 2 и Формула 3 трки нема да бидат во исти викенд една по друга.

Помеѓу останатите мерки кои се предвидуват за штедење се намалување на цената на моторите и резервните делови, намалување на трошоците за логистика и превоз, а дополнително спецификацијата на болидите ќе остане иста до 2023 година. ж

една од нашите главни вредности од почетокот на гп2 серијата во 2005 година беше контрола на трошоците, а денеска повеќе од било кога тоа треба да биде средиште во нашата стратегија.

предложените мерки се клучни и ќе имаат огромно влијание врз двете тркачки серии, но и врз календарот и распоредок на трките во текот на тркачките викенди односно спортските правила.

понатаму, екипите кои во моментов се тркаат во двете серии ќе имаат можност да менуваат персонал помешу двете категории со цел да се заштедат дополнителни средства.

силно верувме дека ова мора да биде направено колку што може побрзо за да ја осигураме стабилноста на двата шампионати следната година – изјави бруно мајкл, главниот извршен директор на двете тркачки серии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ