Формула 2: Шварцман ќе биде попаметен во борбата за титула

Роберт Шварцман, возач поддржан од Ферари, истакна дека ќе мора да биде попаметен во обидот за титула во Формула 2 сред разнишаност во форматот за тркачкиот викенд во серијата.

Од формирањето на категоријата, како ГП2 во 2005 година, шампионатот ја поддржуваше Формула 1 со трки во 12 викенди, притоа со две трки по настан. Но, како дел од промените на шампионатите од пониските серии за 2021 година, Формула 2 наместо тоа ќе се приклучи на Формула 1 на осум гран при трки, и ќе се трка три пати по настан.

Новата сезона во Формула 2 ќе започне на Големата Награда на Бахреин пред првата трка во Формула 1 следниот викенд. Квалификациите ќе го одредат поредокот за таканаречената главна трка или Feature Race, која сега ќе се одржува во Недела, додека 2 спринт трки ќе се одржат во Сабота.

Стартниот поредок за првата спринт трка ќе се одреди со обратен распоред на најдобрите 10 од квалификациите, додека гридот на втората спринт трка ќе се формира со обратен грид на првите 10 на претходната трка.

Сигурно дека ќе биде потешко, попредизвикувачко.

Ќе биде потешко за нас, бидејќи со поените и почетните позиции, тоа е малку повеќе мешан грид, ќе биде тешко да се мине.

Многу е важно да се игра попаметно, постратешко за првенството. Тоа е она што планирам да го сторам – изјави Шварцман.

Шварцман верува дека ревидираниот формат и ревидираниот календар од 2021 година со неколку патеки што отсуствуваа во 2020 година значи дека има помала предност за искусните возачи.

На новите патеки предноста да се биде возач од втора година почнува да се намалува, затоа е повеќе изедначено.

Мислам дека генерално нема да биде толку голема разликата да се биде возач од втора година отколку да се биде дебитант во 2021 година.

Ќе има многу нови работи, како што е форматот на викендите, плус ќе има четири тркачки викенди на кои не се натпреварувавме минатата година во Ф2, така што ќе биде предизвик – додаде Шварцман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ