Франција, Т3: Верстапен многу понапред од Мерцедес

Макс Верстапен на последниот тренинг заврши на првата позиција седум десетинки пред останантите ривали.

Тој извозе време од 1,31.300 во последниот дел од сесијата пред Валтери Ботас кој беше втор додека Хамилтон заврши на петта позиција а пред него се најдоа Саинз и Перез.

Мерцедес и Алпин изгледаа доста брзо во припремите за квалификациите.

Патеката во Пол Рикар беше прекриена со облаци и асфалтот беше поладен за 10 степени споредено со минатата година.

Првиот возач се појави на патеката по 11 минути додека сите останати се појавија во првите 25 минути за да се загреат.

Верстапен прв постави најбрзо време со предност од 0,009 секунди зад Ботас. Тој сепак не беше задоволен од својот круг.

Двајцата возачи ги задржаа истите црвени софт гуми за вториот обид. Ботас го превзема врвот но Верстапен најде нови три десетинки но сепак беше надвор од границите и неговиот круг беше избришан.

Во меѓувреме Хамилтон најде подобрување на 25 минути пред крајот. Неговиот болид требаше да биде поправен пред да проба да направи нов летечки круг.

Сепак тоа не беше доволно за да му парира на Ботас кој сеуште го држеше врвот. Пред него се појавија Саинз и Перез кои беа доста побрзи од британецот и ги раздвоија возачите на Мерцедес.

не помина долго време пред Верстапен да се појави повторно на патеката и испрати порака со време побрзо за седум десетинки.

Се чини дека Ред Бул има голема предност пред квалификациите која нема да е лесно достижна за ривалите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ