Французите се позагреани за враќање на Гранд При трката

Во Франција се поголема станува поддршката за враќање на Гранд При трката на Формула 1 календарот.

Пол Рикар го загуби своето место во спортот поради се поголемите загуби и ликвидацијата на промотерот по лошото работење, но знаците за оживување на трката се се поголеми.

RMC пренесува дека Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1, се сретнал со Николас Дешу, првиот човек на францускиот моторспорт, но и со Формула 1 легендата Жан Алези кој е претседател на Пол Рикар. На состанокот бил присутен и Ерик Буле, поранешен тимски шеф на Мекларен и прв човек на пропаднатиот промотер.

голем пријател сум со стефано доменикали и побарав од него да зборуваме за иднината на француското гранд при на што тој е расположен. по него нема никаков проблем за враќање на трката во календарот – откри жан алези.

Поранениот возач дополни и дека политичките институции се на потег да ја поддржат трката.

стефано има желба за преговори со големите француски институции, да не речам лично со претседателот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ