Француски Мањи Кур не сака трка без публика

Поранешниот домаќин на трката за Големата награда на Франција, славниот автодром Мањи Кур, отфрла можност за одржување на трка без публика и покрај кризата. 

Францускиот весник L’Equipe тврди дека Либерти Медиа контактирале повеќе европски патеки со ФИА хомологација од највисок степен за одржување на трка оваа сезона.  Главна цел било патеките да се надвор од големи градови, а таква е Мањи Кур, но сепак сопственикот тврди дека тие не се кандидат за оваа година. 

Германските весници тврдат дека Хокенхајм ќе биде домаќин на две трки без публика, доколку Либерти се согласат да ги платат трошоците за организација. 

Мислам дека ако Либерти сака 15 трки тоа е реално можно. Со овие настани мислам дека можеме да имаме 8 до 10 трки во Европа. Доколку можеме да ја зголемиме забавата за гледачите како што е Бундеслигата тогаш е добро – изјави Тото Волф. 

Но, сепак, Волф признава дека проблемот со вирусот ќе биде најголем во Америка,Бразил и Мексико.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ