Фрај демантира дека Шуамхер играл “психолошка војна“ со Розберг

Поранешниот Главен извршен директор на Мерцедес, Ник Фрај, ги демантираше тврдењата дека Михаел Шумахер спроведувал психолошка војна против својот колега Нико Розберг во времето кога биле колги во тимот од Бракли.

Двајцата германци минаа три години еден крај друг во Мерцедес, соработка која траеше од 2010 година до 2012 година, а потоа седумкратниот првак беше заменет од Луис Хамилтон.

Розберг ја донесе првата победа за “сребрените стрели“ во модерната Формула 1 ера со победата во Кина во 2012 година.

Првакот од 2016 година тврдеше дека Шумахер бил толку конкурентен и мотивиран да го победи што играл разни психолошки игри со него со цел да му ја уништи самодовербата и да го победи на патеката. Нико го нарече Шумахер “Господин умствени игри“ и откри дека во пресрет на квалификациите во Монако го заклучил во тоалетот на екипата.

Фрај, кој во тоа време беше прв овек на тимот се сомнева во веродостојноста на приказната на Розберг и тврдењата на Нико дека Шумахер играл некакви игри со него.

не знам дали тоа е точно и би бил изненаден доколку е точно. луѓето сакаат да го опишуваат михаел како ладнокрвен германец кој прави секакви трикови, но јас искрено го немам видено тоа. имам видено некој кој беше фантастичен тимски играч, сум го видел на “двете страни од медалот“.

прв пат почнав да работам во формула љ со жак вилнев кој се чини беше пресреќен со кацигата на себе да оди кон болидот затоа што на тој начин немаше потреба да разговара со никој. немаше никаков однос со механичарите и немаше ни поима кои се тие, додека михаел беше сосема различен – откри фрај.

Инженерот има огромна почит за Формула 1 легендата кој имал невидена способност да го обедини и собере сиот тим околу себе.

тој беше човек што беше свесен дека за да има највисоки можни перформанси мораше сите да работат на врвно ниво што се околу него. поради тоа беше многу успешен многу долг период во кариерата.

не гледам никакви психолошки игри или несогласување помеѓу возачите, всушност сосема спротивно, михаел имаше фантастичен пристап.

кога се во врска со михаел шумахер ќе биде сумирано, мислам дека ќе биде на многу повисок пиедестал одошто е во моментов – заврши фрај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ