Фрај: Мотивацијата на Рикардо е неверојатна

Техничкиот шеф на Алпин, Пет Фрај, откри дека способноста на Даниел Рикардо да мотивира цела Формула 1 екипа е еден од најголемите квалитети кои ги поседува.

Тој бил сведок на начинот на кој возачот работел со своите инженери додека австралијанецот беше член на фабричкиот тим на Рено последните две години и смета дека работната етика која ја има е од огромна корист за сите околу него.

мислам дека даниел е неверојатен. јасно е дека е многу брз, но мислам дека и ако се погледне начинот на кој го мотивира тимот кој не смее да се заборави и феноменален.

дури и кога има лоша сесија и работите не се одвивале како што тој се надевал, сеуште учи многу и сите имаме корист од тоа со цел да не ги повториме грешките и во иднина да бидеме посилни.

тој буквално го влече тимот со себе и мислам дека е неверојатен и исклучителен талент и возач – смета фрај.

Дани заминува од тимот оваа сезона и следните две години еќ ги одработи во Мекларен, но Алпин го добиваат двократниот светски првак, Фернандо Алонсо во своите редови. Фрај веќе имал средби со Нандо во вториот дел од минатата сезона и смета дека шпанецот е силно подготвен за она што следува.

јасно е дека работеше во симулаторот и се запозна со многу работи и процедури во нашата екипа. звучи едносавно, но навистина потребно е да се носите со моќта на овие болиди затоа што дури и со исти мотор, различен болид е целосно различна приказна.

има многу учење, а фернандо ги слушаше нашите состаноци за време на тркачките викенди и во фабриката со цел што побрзо да го прилагодим на екипата.

кога ќе видите дек почетокот на сезоната е по само три денови тестирање и потоа трка, јасно е дека мораме да направиме се што можеме за подобро да се подготвиме и да ги подготвиме возачите за болидот како и да ги навикнеме едни на други.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ