Фреитас ќе го има своето деби во Шпанија

Португалецот Едуардо Фреитас ќе го има своето деби како директор на трка за време на Големата Награда Шпанија за две недели.

Нилс Витич ја вршеше работата на првите пет трки и сега е време за неговиот заменик. Фреитас ќе работи во Шпанија и Монако пред да се фокусира на 24 часа Ле Ман, а подоцна се враќа во Баку. Оваа година има замена за Мајкл Маси на чие место дојдоа Фреитас и Витич. 

ФИА одлучи да ги менува Витич и Фреитас на трките. Витич се покажа како моќна фигура на првите трки, а Андреас Сеидл ги пофали директорите за трка. 

Нилс и Едуардо се добар старт на новата ера во Формула 1. Нилс има јасна цел за придржување кон правилата. Таква личност сакаме. Тој е отворен за конструктивен дијалог. Мислам дека сега е добро да се тркаме. 

Нилс повеќе сака виртуелно безбедносно возило пред да се појави вистинското. Многумина се изненадија дека тој остана на виртуелно безбедносно возило кога Ландо Норис удри во безбедносната ограда и болидот му остана на патеката.  Барселона треба да е лесна трка за Фреитас бидејќи не е тесна како Мајами, но наредната во Монако ќе биде вистински тест за него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ