Ф1 веќе ја мери финансиската загуба

Откажувањето на овогодишното Австралиско Гранд При ќе има големи последици врз спортот од финансиска гледна точка, поради што на инволвираните им требаше многу време пред да ја донесат таквата одлука. Бахреин и Виетнам исто така се откажани, а од поодамна е познато дека трка во Кина нема да има. Под знак прашалник се и првите три европски трки во Холандија, Шпанија и Монако.

Доколку регионалната или национална Влада ја откаже трата, организаторот не треба да ја плаќа високата цена на износот договорен како надомест за организација на тркат до ФОМ, но доколку промотерите го откажат насанот, тогаш сумата ќе треба да биде платена.

Австралиската Гранд При Корпорација веќе најави дека ќе треба да ги врати парите за влезни билети кои биле продадени, а најавија и дека ќе мора да ги исплатат оние кои биле ангажирани во организација на настанот како 600 компании кои вршеле различни услуги како и 12.000 луѓе кои помагале.

Трката во Мелбурн беше откажано со заедничка одлука на ФИА, организаторите и ФОМ, така што “на прва“ не е познато кој ќе ги сноси финансискит трошоци и колку екипите во спортот ќе загубат од непрходуваниот износ за трката.

откажувањето на тркта има многу последици, вклучително и финансиски така што во спортот во моментов има многу непознаници. австралија и плаќа на либерти околу 35 милиони долари и ако тоа не биде наплатено, екипите ќе трпат – изјави пол литл, дел од организациониот одбор на трката.

Во иста насока размислува и Гунтер Стаинер, шефот на Хаас.

на трка која плаќа повеќе од 25 милиони долари губиме пари, а под тоа се работи за заштеда доколку не возиме.

Екипите веќе загубија потенцијален приход од тоа што Кина ја откажа трката, односно нејзината Влада, така што таа сума нема а биде наплатена, а откако спортот ги откажа и Бахреин и Виетнам, Формула 1 нема да има приходи од првите четири трки во календарот.

свесни сме дека распределбата на приходите ќе биде помала затоа што нема да се возат првите четири трки од календарот – смета отмар шафнауер.

Изјавите беа надополнети од Рос Браун, оперативен шеф на спортот.

екипите преживуваат финансирајќи се од тркањето, а откажувањето ќе има влијание врз нивните буџети за во иднина како и за економијата на екипите како компании и бизниси.

секоја трка која се губи има удел во вкупниот фонд за распределба, но ние смеа навикнати на намалување на трошоците за да им угодиме на екипите, така што имаме план да ја вратиме сезоната во правилен колосек со цел да сместиме колку што може повеќе трки годинава.

Кинесото Гранд При официјално се води како одложена трка, но Големата награда на Австралија во соопштенијата беше идентификувана како откажан настан.

официјално го користиме зборот откажана за да појасниме. со зборот одложена некои фанови ислат дека истата може да почне за неколку часови – изјавија од формула 1.

Чејс Кари најави дека насанот е сепак одложен, а не трајно откажан.

се обидуваме да им помогнеме на авсралијанците да организираат прекрасна трка, но во некое друго, подобро време.

За разлика од Кина, Алберт Парк не е постојана патека и истата мора да биде поставена, а по трката и целосно расклопена вкупната инфраструктура која се носи. Поради тоа, ситуацијата со наоѓање на друг датум за Мелбурн е навистина многу тешка.

не можеме да ја оставиме инфраструктурата таму засекогаш. ПРво ќе расклопиме се, а потоа ќе разговараме за нов датум – велат од организаицијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ