Ф1 возачите со својата топ 10 листа

Луис Хамилтон уште еднаш се најде на врвот на листата откако беше изгласан како најдобар Формула 1 возач во 2019 година од страна на своите ривали и колеги.

15 од вкупно 20 возачи гласаа во 2019 година анонимно, додека Себастијан Фетел, Шарл Леклер, Кими Раиконен и Луис Хамилтон не учествуваа. Хамилтон веќе беше изгласан за најдобар возач од страна на тимските шефови, а сега редот беше и на возачите да го дадат својот глас.

Макс Верстапен се најде на второ место позади Хамилтон, додека Шарл Леклер го комплетираше топ 3.

Себастијан Фетел не се најде толку високо на листата според тимските шефови, како на пример Карлос Саинз, Валтери Ботас, Даниел Рикардо и Ландо Норис, кои имале подобра сезона. Јасно е дека за Џорџ Расел има високо мислење, бидејќи тој се најде во топ 10 без ниту еден освоен поен во 2019 година. Во топ 10 исто така се најде и Пјер Гасли, кој покажа добри знаци откако беше испратен назад во Торо Росо од Ред Бул.

Топ 10 возачи според гласање на возачите:

  • Луис Хамилтон
  • Макс Верстапен
  • Шарл Леклер
  • Карлос Саинз
  • Валтери Ботас
  • Даниел Рикардо
  • Ландо Норис
  • Себастијан Фетел
  • Џорџ Расел
  • Пјер Гасли

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ