Ф1 во добротоворна мисија за Австралија

Формула 1 ќе понуди на аукција многу работи кои парите не може да ги купат со цел да се соберат средства за оние кои се погодени од разорнувачките пожари во Австралија. Аукцијата ќе има пакети на запознавање со ѕвездите на сортот како и ексклузивна стока која великодушно е понудена од страна на возачите и екипите.

Листата на предмети вклучуваат тркачки патики на Даниел Рикаро од 2019 година, кацига на Кевин Магнусен која ја носеше на ланската тркаво Мелбурн, како и тркачки одела на Александер Албонр, Макс Верстапен, Роман Гросжан и Даниил Квјат.

Голем број на тимоти ќе овозможат своите возачи и тимски персонал да бидат достапни за дружба со оној кој е понуди највеќе пари и тоа Мерцедес ќе ги стави на располагање Луис, Валтери и Тото, Ред Бул своите двајца возачи исто како и Мекларен и Рејсинг Поинт, а во Вилијамс во пакетот ќе биде вклучена и Клер Вилијамс. Ферари ќе овозможат Мата Биното да се сретне со некој богат понудувач на аукцијата.

На аукција е и летечки круг со Бебзедносното возило на ФИА по Алберт Парк како и шанса да се посети констролата на трка во Австралија и да се вечера со Рос Браун. Мекларен и Рено понудија тури низ нивните фабрики и шанса да се тренира со Академијата на Рено, додека Пирели донираше падок влезница. Аукцијата ќе започне денеска, а ќе трае до 9 Февруари.

Сите собрани средства ќе се поделат помеѓу Црвениот Крст на Австралија, Пожарникарската служба на Викторија, Фондацијата за Рурална и Регионална обнова како и Фондот за дивниот свет и природното богатство на земјата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ