Ф1 во паника, ракетирана рафинерија крај Џеда

Формула 1 е во паника и се чекаат дополнителни информации од локалнит власти откако за време на првата петочна тренинг сесија беше ракетирана рафинерија на Арамко на помалку од 10 километри од Џеда.

Арамко, инаку државна Саудиска компанија, најголем производител на нафта во светот, е еден од најголемите спонзори на Формула 1. Непосредно по почетокот на првите 60 минути на Џеда Корниш, проектил ја погодил блиската рафинерија која се запалила, а оганот се гледал од многу далеку. Сеуште официјално ништо не е познато иако терористичката група Хути ја превзела одговорноста како што многу чесо бидува во Кралството.

Локалниот аеродром кој се наоша на исто толку километри од патеката, но крај морето, значи во друга насока, исто така прекинал со работа поради густиот чад.

чекаме дополнителни информации од властите во врска со случувањата – гласи кусото соопштение од формула 1.

Обезбедувањето крај патеката и околу неа е засилено, темелно се претресуваат торбите на сите посетители и се прават засилени скенирања.

Поради тоа, втората тренинг сесија почна 15 минути порано затоа што подолго траеше состаокот на кој се зборуваше за нападот и се одлучи да се продолжи со возењето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ