Ф1 во трка со времето за спринтот во Баку

Формула 1 е во трка со времето со цел да ги финализира правилата за саботниот спринт формат откако првата таква куса трка е закажана за Азербејџан на крајот на Април.

Идејата е кусиот спринт и главното Гранд При да бидат посебни трки со посебни квалификации, а не како до сега спринтот да го одредува стартниот поредок во недела. Планот го претставил Стефано Доменикали, шефот на спортот, на состанокот на Формула 1 Комисијата. Разговорите продолжија помеѓу претставниците од ФИА за време на трката во Мелбурн викендов, но финални детали сеуште не се објавени.

Еден план е да се има една петочна тренинг сесија, а потоа и квалификации кои би го одредиле поредокот за главната трка, а во сабота непопуларнот тренинг да се замени со квалификации за спринтот истиот ден. Алтернатива е квалификации за спринт во петок, а квалификации за Гранд При во сабота.

Иако се работи за едноставна промена, барем на хартија, истата бара големи промени во спортските правила кои се вее птврдени и има многу аспекти кои треба да се обмислат како парк ферме и алокацијата на гумите.

Пирели веќе ги испорача гумите за тркачкиот викенд ов Баку, а за спринт викенд секој возач има по 12 сетовир и тоа 2 од најтврдите, четири од средниет и шест од најмеките. Така, ќе биде невозможно да се возат квалификации од три сегменти со најмекит гуми ако има две квалификациски сесии во текот на викендот. Екипите врќаат по два меки сетови после петочните сесии и остануваа со четири сетови за квалификации и трка и ако се одработувааат две квалификациски сесии на софт, сигурно одредени серии ќе мора да се возат со користени гуми.

Како алтернатива се споменуваа и квалификации од еден круг со цел да се заштедат гумите, но таквите сесии се користеа од 2003 до 2005 година бе успех.

ФИА треба да ги модифицира спортскит еправила кои потоа одат кај спортските шефови, но дел од Ф1 персоналот е на велигденски одмор, така што ќе биде тешко да се организира се во толку кус рок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ