Ф1 го објасни планот за активната аеродинамика

Формула 1 размислува да воведе активна аеродинамика со новите технички правила од 2026 година а да надомести за губењето на потисна сила при следење на болидите.

Спортот целосно ги промени техничките правила во пресрет на минатата година со цел да се намали губењето потисна сила при следење и на тој начин да се овозможи поблиску тркање и повеќе претекнување. Правилата беа пофалени, а Пирели откри дека лани имало 785 претекнувања, дури 186 повеќе од 2021 година.

Но, веќе се разислува за следната техничка регулатива и следната промена која треба да стапи на сила во 2026 година со новата генерација на мотори. Активната аеродинамика се проценува како на нешто кое може да ја подобри ефикасноста на болидите.

Техничкиот шеф на тркачката серија, Пат Симондс, откри дека перформансите на следната генерација болиди ќе бидат уште подобри од овие кои ги следиме сега иако ДРС системот ќе остане, но активната аеродинамика ќе донесе повеќе отисна сила за да се надомести губитокот при следење.

дрс ќе остане затоа што ќе има активна аеродинаика на следните болиди. системот за намалување на отпорот е дизајниран вештачки да го намали отпорот и да донесе брзина поради губење на истата кога се следи болидот. отпорот е помал додека следите некој болид, но губитокот на потисна сила е огромен.

идејата сега е вештачки да се врати потисната сила на ниво како да нема болид пред оној кој следи – откри симондс.

Целта е да има уште повеќе блиски битки и жестоко тркање на патеката што за инженерот е фокус, а не претекнувањето.

сите зборуваат за претекнување, но за нас тоа е само крај на борбата која сакаме да ја приредиме. самиот дуел е интересн, непредвидлив, да се чека дали некој ќе мине или не. знам дека многумина го критикуваат дрс затоа што претекнувањто се олеснува.

ако се присетиме на имола кога фиа не дозволи активација на дрс, имавме навистина многу здодевна трка, така што исправно е да имаме таков систем на задното крило.

На екипите ќе им биде презентиран првиот предлог за новите праивла за шасиите од 2026 година на состанок до крајот на Јануари. Иако Симондс најави обичен болид, откри дека технички ќе има многу разлики.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ