Ф1 го потврди откажувањето на Големата Награда на Кина

Формула 1 потврди дека Кинеското ГП нема да се одржи следната година поради тековните мерки за КОВИД-19, но ги разгледува опциите за трка за замена.

Ф1 не се трка во Кина од 2019 година поради ограничувањата за патување на државата која продолжува да ја следи политиката за нулта КОВИД, што неодамна предизвика протести во голем број градови.

Кинеското ГП беше наведено во календарот за 2023 година за 16 Април, но секогаш беше условено со навремено олеснување на ограничувањата за Ф1 да влезе во земјата и да ја одржи трката непречено.

Во соопштението објавено во петокот, Ф1 објави дека Кина нема да се одржи следната година, но потврди дека разгледува други опции како замена.

Формула 1 потврдува, по дијалогот со промоторот и релевантните власти, дека Големата награда на Кина во 2023 година нема да се одржи поради тековните тешкотии предизвикани од ситуацијата со КОВИД-19 – се вели во соопштението.

Формула 1 ги проценува алтернативните опции за замена на календарот за 2023 година и ќе сподели информации за ова во догледно време.

Откажувањето на Кина остава четиринеделна празнина во календарот помеѓу Австралија на 2 Април и Азербејџан на 30 Април.

Ф1 се надеваше дека ќе го доведе Азербејџан понапред за да ја намали разликата, но официјалните лица во Баку инсистирале да го задржат договорениот датум на календарот за време на разговорите со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

Една од опциите може да биде враќање во Портимао, кој беше домаќин на Големата Награда на Португалија како самостојна трка во 2020 и 2021 година кога пандемијата КOВИД-19 доведе до повеќе откажувања на календарот.

Но сè уште не е донесена цврста одлука и не се очекува барем неколку недели, а голем број други патеки исто така се заинтересирани за преземање на празното место.

Иако европската трка најверојатно ќе го преземе местото, еден предизвик со кој се соочува Ф1 е организирање на товарот помеѓу летовите во Австралија и Азербејџан и големите трошоци кои се вклучени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ