Ф1 има забелешки за серијата на Нетфликс

Формула 1 планира да зборува за тоа како Нетфликс направиле лажна драма откако стигнаа многу поплаки од возачите и фановите дека некои моменти се издраматизирани за да биде поинтересно. 

Нетфликс ја пушти новата сезона на која го видовме текот на претходната драматична година исполнета со контроверзи. Но, некои возачи многу ја критикуваа последната сезона и не сакаат да учествуваат во неа, а еден од нив беше и шампионот Макс Верстапен. 

Стефано Доменикали изјави дека ќе зборува со шефовите на Нетфликс. 

Без сомнение ова е успешен проект затоа што Донесе нова публика и понекогаш некои моменти се драматизираат. Ќе зборуваме со Нетфликс за да ја прикажат ситуацијата пореално. 

Италијанецот не се согласува со одлуката на Верстапен да не учествува и бара поголема инволвираност од сите. 

со Возачот кој одбива да учествува зошто не е добро претставен треба да се дискутира. Тоа е тема која ќе ја обработиме со возачите. Мора да сме сигурни дека зборуваме на ист јазик и подобро да го претставиме спортот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ