Ф1 и Sky со посебен преност за деца од Хунгароринг

Преносот на Унгарското Гранд При од страна на британски Sky ќе има посебен дел за деца со соодветна графика со цел да се привлече најмладата публика.

Тркачката серија продолжува со својата мимсија да ја доближи Формула 1 до што поголема публика, овој пат со посебно дизајниран пренос за најмладите. Британскиот телевизиски канал преносот ќе го покажува на Sky Kids, а присутен ќе биде и првакот од 2016 година, Нико Розберг, како и американката Даница Патрик.

Во преносот ќе има специјално прилагодена графика, звучни ефекти и пропратни работи како 3Д графика која е планирана со посебни агли на камерите со користење на компјтерски симулации со цел да се задржи вниманието на најмладите. Преносот ќе биде достапен и на германски јазик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ