Ф1 календарот ќе се намали на 23 трки, Кина повторно неизвесна

Невидено долгиот календар на Формула 1 за 2023 година се чини дека ќе се намали за една трка.

Тркачката серија го откри својот распоред од 24 настани за следната година, вклучувајќи го и враќањето на Кина, откако Шангај отсуствуваше поради пандемијата од почетокот на 2020 година. Но, според германски Auto Motor und Sport, тековните политики на Кина за целосна елиминација на Ковид-19 ќе ја направат трката во Формула 1 речиси невозможна да се организира.

Нема кандидат за замена за Шангај. Откажувањето би значело четиринеделна пауза веднаш по третата трка во Мелбурн на почетокот од сезоната.

Затоа, се претпоставува дека Формула 1 веќе разговара за одржување на трката во Баку на датумот за Кина – тврди дописникот Тобијас Грунер.

Намалувањето од 24 на 23 трки најверојатно ќе биде добредојдено за Формула 1 тимовите.

Постои опасност да удриме во карпа и да паднеме во бездна – вели шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, на прашањето дали 24 трки се премногу по сезона.

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, кој исто така зборуваше на настанот за промоција на Гранд При трката во Лас Вегас во неделата, се согласува.

Мислам дека 24 трки се многу за тимовите. Имаме 22 оваа година и веќе се гледа дека заморот ги погодува тимовите. Сега со нетрпение го чекаат крајот на сезоната.

Возачот на Хаас, Кевин Магнусен, признава:

Имам мала ќерка дома и оваа година е најтешката сезона што сум ја направил со 22 трки низ целиот свет.

Стаинер дополни:

Откако превзеде Либерти Медиа, многу работи се променија на подобро, Но не можеме да продолжиме да растеме.

Сега имаме 24 трки и треба да останеме така засега и да не се обидуваме да преминеме на 27, бидејќи тоа е премногу. Сега треба да се стабилизираме.

Сепак, не е јасно дали извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, се согласува со таа проценка.

Пред неколку години, луѓето велеа дека Формула 1 опаѓа, Значи, мило ми е што повеќе не е така.

Не треба да го забавиме растот сега, туку наместо тоа да продолжиме и да бидеме горди на она што го постигнавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ