? Ф1 нема да загадува до 2030 година

Формула 1 откри амбициозна стратегија за да се осигура дека до крајот на следната декада нема да ја загадува воопшто животната средина како дел од мерките за еколошко подобрување на спортот. Во последно време односот кон животната средина и влијанието врз околината стануваат се поголем проблем на врвната моторспорт серија.

Најновата иницијатива се однесува на активностите на патеката, самите Формула 1 болиди како и сите операции поврзани со спортот. Челниците на спортот работеле заедно со ФИА и експерти од соодветните области за да го испорачаат амбициозниот платн.

До 2025 година спортот ќе има ултра ефикасна логистика и патување и канцеларии кои целосно ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија, а сите настани ќе бидат сами по себе еколошки издржливи. Пластичната амбалажа за една употреба целосно ќе се исфрли, а водата ќе се преработува и повторно ќе се користи.

Спортот ќе понуди и субвенции за да се осигура дека посетителите ќе се однесуваат на “зелен начин“ и ќе им дадат можности на локалното население и бизнисите да се вклучат повеќе во тркачкиот викенд.

во текот н асвоето 70-годишно постоење формула 1 беше пионер во многу технологии и иновации кои потенцијално придонесоа во општеството и помогнаа во борбата за подобра животна средина.

од иновативна аеродинамика до подобрен дизајн на сопирачките, напредокот кој го предводат формула 1 тимовите беше од корист на стотици милиони автомобили кои се возат денеска.

малкумина знаат дека денешните хибридни мотори се најефикасни во светот и испорачуваат многу моќ со малку гориво, при тоа испуштаат цо2 многу помалку од вообичаено.

веруваме дека формула 1 ќе продолжи да биде лидер во автомобилската индустрија и ќе работи со енергетскиот и автомобилскиот сектор за да испорача прв мотор со внатрешно согорување без емисија на штетни материи по што ќе се намалат штетните супстнци во воздухот низ светот.

со почнување на оваа прва издржлива формула 1 стратегија знаеме дека имаме клучна улога и сите организации околу нас мора заедно со нас да го нападнат овој глобален проблем.

со насочување на целиот талент со кој располага спортот во иновации, сит ечленови во формула 1 заедницата сакаат да се постигне позитивен удел кон животната средина секаде каде што се појавуваме.

работата почнува уште денеска и се надеваме дека нема да сме штетни воопшто на никој начин до 2030 година – гласи соопштението на формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ