Ф1 нема да тестира во Бахреин

Формула 1 реши тестовите пред стартот на следната сезона да се извршуваат на шпанските Барслона или Херез, по што плановите за тестирање во секогаш топлиот Бахреин се целосно напуштени. Најголем дел од екипите немаа против тестови пред стартот на првенството во арапската земја поради гарантираното време, откако лани за време на првиот тест имаше и тест во Каталуња.

Формула 1 организаторите требаше да покријат дел од трошоците кои би ги имале екипите поради далечината на Бахреин, а по калкулацијата и пресметките решено е идејата да не се спроведе. Незадоволни од планот за тестирање во Бахреин беа и организаторите во Барселона затоа што веќе неколку години по ред двете недели тест се добар приход за автодромот.

Херез од своја страна последен пат беше домаќин на тест во 2015 година, во моментов тој автодром добива нова подлога и поради тоа повторно се размислува да се подели тестот помеѓу двете шпански патеки, а и времето во градот 90 километри јужно од Севиља е традиционално подобро одошто во каталонската престолнина.

Датумите за тест во Бахреин беа од 18 до 21 Февруари и 26 Февруари до 1 Март, а една недела потоа би било и Австралиското Гранд При.

Либерти сака да воведе и уште една новина на тестовите за поголема промоција на тазе креираните болиди и тркачката серија и се размислува за забрана на вратите во гаражаите како и големите платна со кои се кријат болидите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ