Ф1 персоналот доби одобрување за Силверстон

Формула 1 циркусот доби зелено светло да допатува во Британија за двете трки следниот месец и покрај фактот што на сила е задолжителна двонеделна изолација на островот. 

До сега сите кои доаѓаа во Британија мораа да бидат во 14-дневен карантин и со тоа трките беа невозможни. Периодов се олабавуваат мерките во земјата, така што и Формула 1 нема да има никаков проблем со организацијата.

Британската влада потврди дека исклучоци за Формула 1 персоналот се одобрени, но сепак ќе нема публика на трките и истите ќе бидат зад затворени врати.

Формула 1 е благодарна на британската влада и министерот за култура за пристапот кон решавање на ова прашање. Работејќи со Формула 1 на ова поле, владата помогна да се задржат работните места и финансиските приходи. 

Министерот за култура, Оливер Доуден, изјави дека од мерките ќе профитира фудбалот, крикетот и снукер турнирите. 

Среќен сум што се согласивме за исклучоците околу здравствените мерки за одреден број на спортисти и персонал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ