Ф1 плати 240 милиони долари за земјиште во Лас Вегас

Формула 1 плати 240 милиони долари за земјиште од околу 160 илјади квадратни метри во центарот на Лас Вегас со цел да направи простор за боксовите, гаражаите и падокот за Гранд При трката во градот која ќе се организира следната сезона.

Едно од главните прашања откако беше официјално потврдено дека Вегас добива трка догодина беше токму тоа, како спортот ќе најде место за падокот и целата потребна инфрастуктура во центарот на коцкарската престолнина. Градските власти се согласија дека улиците може да бидат користени за трка, но најголем дел од земјиштето кое треба да се преправа и на кое треба да се гради припаѓа на казината, хотелите и локалните бизниси.

Екипите неодамна добија информација дека падокот може да биде околу 2 километри од боксовите и гаражите. Но, Грег Мафеи, Главниот извршен директор на Либерти Медиа, објави дека Формула 1 го решила тој предизвик со падокот така што купиле сопствено земјиште во градот во зделка која и формално треба да биде потврдена во периодот којследува.

Тоа значи дека Формула 1 може да изгради трајни објекти, нешто што организаторите во Мајами веќе и го направија.

Мафеи потврди и дека Формула 1 ќе биде еден од промотерите на трката и ќе има значителни инвестиции во проектот по тој основ преку капитални и оперативни вложувања со цел одржување на настанот.

моментумот во америка продолжува со првото мајами гранд при кое е на програмата викендов. секако дека ретко кој не знае дека ќе има и трка во лас вегас догодина, односно во ноември 2023 година и ќе биде буквано во најстрогиот центар на градот.

истото ќе биде поразлично одошто на други места затоа што формула 1 и либерти медиа директно ќе бидат вклучени во самата промоција на настанот како партнери на локалните промотери лајв нејшн.

изградбата на оваа патека ќе бара оперативни и капитеални вложувања, но сеуште е рано за да објавувам бројки, иако ќе информираме редовно до крајот на годинава.

сепак, можам да потврдам дека либерти медиа договори купување на земјиште од околу 160 илјади метри квадратни источно од главната улица за да се запази дизајнот на патеката и да се создаде падокот и пропратни објекти со доволен капацитет.

очекувам трансакцијата да биде официјализирана во вториот квартал од годината, а договорената цена да биде 240 милиони долари. истото ќе биде финансирано со готовина на компанијата – посочи мафеи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ