Ф1 повторно ќе го менува правилото за скратени трки

ФИА планира да направи промени во однос на правилото за доделување на поени за скратените трки во Формула 1 по ланската трка за Големата награда на Јапонија. 

Макс Верстапен ја освои титулата во Сузука минатата сезона, откако Шарл Леклер доби казна од пет секунди за кратење на шиканата во последниот круг. Откако имаше огромен дожд во Белгија пред две години и трката се откажа по три круга зад безбедносно возило, беа доделени сите поени и мораше да се направи промена на правилата. 

Сега, доколку се победи на трка по само 2 круга или помалку од 25% од должината на трката, победникот добив шест поени. За трки од 25% до 50% од предвидениот број кругови, победникот добива 13 поени, од 50% до 75% од предвидениот број кругови се доделуваат 19 поени. За повеќе од 75% од должината на трката, ќе се доделуваат целосните поени. 

На трката во Јапонија се извозеа 28 кругови што е повеќе од 52% и многумина мислеа дека Верстапен ќе добие 19 поени. Но, според правилата, тие поени важат доколку трката е прекината и не е рестартирана. Доколку заврши под црно бело знаме и по три часа тогаш се доделуваат сите поени. Во падокот имаше целосна конфузија околу правилото се додека ФИА не се јави со објаснување. 

Но сега, работите ќе се расчистат во ФИА со нови правила кои ќе се променат за 2023 година. Работата ја превзема новиот спортски директор, Стив Нилсен, кој сега се приклучи на ФИА. Шефот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем ја најави промената.

тоа ќе се смени. Стив е нов спортски директор и ќе ја направи промената. Пред трката во Јапонија имавме целосен извештај. Колку поени, од каде доаѓаат, кој ги одобрил. Целата вина падна на нас. Немаше фер договор и тоа ме фрустрира. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ