Ф1 по примерот на Ферари, донираа 1 милион евра за Емилија Ромања

Формула 1 организацијата донираше 1 милион евра во фондот за враќање во нормала на областа Емилија Ромања која страда од страотните поплави предизвикани од претераните врнежи кои донесоа излевање на сите реки во областа и откажување на Гранд При трката која требаше да се одржи викендов.

Во рекордните врнежи во рок од 36 часа кои непрекинато се случуваа со голем интензитет во Среда, животот го загубиле 13 лица, а над 20 илјади се расселени од своите домови поради опасност. Сите 23 реки кои течат низ Емилија Ромања, вклучително и реката Салерно која минува на неколку метри од легендарниот автодром на Имола се излеани, патиштата се преполни со одрони, улиците со вода и таква е ситуацијта во сите градови во Емилија Ромања.

Влезот на Имола беше дозволен дури во Четврток на пладне кога членовите на екипите добија дозвола да дојдат во падокот и да ја псакуваат опремата за транспорт до Монако, трката следниот викенд.

Како дополна на финансиската поддршка од 1 милион евра, Формула 1 персонал задолжен за организација на трката донирале храна која била донесена за настанот на локалното население на кое и тоа како му е потребна.

се родив и пораснав во неверојатната емилија ромања, мест кое во моентов ги преживува најтажните моменти во својата историја. ситуацијата е ужасна, но јас ја познавам трпеливоста и страста на луѓето во регионот како и секаде во италија, тие на крајот ќе победат.

мораме да направиме се за да им дадеме поддршка на луѓето во ова тешко време и поради тоа донираме и ги поддржуваме. моите мисли од името на целата формула 1 се со локалното население и со сите над кои страшното невреме влијаеше – изјави стефано доменикали.

Во Четвртокот Ферари исто така донираше 1 милион евра за поплавите, а нивната база во Маранело се наоѓа во Емилија Ромања на некои 80-тина километри од Имола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ