Ф1 преговара со Амазон за пренос на трките

Наводно Формула 1 почнала преговори со американската компанија Амазон, една од највредните во светот, околу правата за пренос на трките на нивната дигитална платформа. 

Според Financial Times, Форука 1 сака да го зголеми присуството во преносот и според кажувањата на моменталниот извршен директор, Чејс Кери, тие веќе преговараат со Амазон. 

Тие се многу важен потенцијален партнер што ќе ни помогне во нашиот раст на бизнисот – изјавил чејс.

Амазон агресивно го шири своето портфолио и моментално на својата платформа пренесува фудбалска Лига на Шампиони, англиската фудбалска Премиер Лига, американскиот професионален НФЛ каде има ексклузивни права за натпреварите во Четврток навечер, тенискиот УС Опен и други спортски права. 

Формула 1 моментално овозможува стрим преку својата платформа, но бара начини и партнери да ја зголеми публиката. Спортот има оперативна загуба од 363 милиони фунти во последните девет месеци поради пандемијата и неможноста да има публика на трките. 

Евентуално партнерство со Амазон нема да ја натера Формула 1 да се откаже од регуларните телевизиски преноси бидејќи тоа е 1/3 од вкупниот приход. 

Спортот има договор со Скај во Велика Британија вреден 250 милиони долари и преговара за обновување на ТВ правата во Франција, Германија, Италија и Шпанија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ