Ф1 размислува за двотактни хибриди на еколошко гориво

Формула 1 веќе започна да размислува за иднината на моторите на тркачката серија откако веќе е донесена одлуката да се продолжи со сегашните 1,6-литарски В6 турбо хибриди до 2024 или 2025 година, а Пет Симондс смета дека веројатно двотактните мотори се иднината.

Иако двотактните мотори се карактеристични за мали моторцикли и косилици за трева, Симондс смета дека токму тие ќе ја зголемат ефикасноста и ќе го решат проблемот со звукот со кој Формула 1 подолго се судрива.

мораме да почнеме да размислуваме како ќе изгледаат следните мотори и ние во формула 1 работиме на тоа во моментов, а јас сум расположен за двотактни мотори. тие се поефикасни, одлично звучат од издувниот систем и кај нив се решени многу проблеми и ограничувања кои ги имаат старите двотактни агрегати.

моторите со спротивно поставени клипови се враќаат и во патничките автомобили и со со ефикасност од околу 50%. директно вбризгување, промена на притисокот и нов систем за палење дозволуваат некои нови форми на двотактни мотори кои се страшно ефикасни и добри по околината. мислам дека има одлична иднина во нив – објасни симондс.

Како дел од новите правила се заговара и промена на нови еколошки горива кои се произведени со комбинирање на водород со јаглерод од воздухот, така што спортот по станал “зелен“, подобар дури и од електричната Формула Е.

Симондс верува дека моторот со внатрешно согорување сеуште има иднина пред себе:

мислам дека има голема шанса да имаме мотори со внатрешно согорување, но истите да работат на водород. моторот со согорување има иднина пред себе, многу поголема одошто политичарите сметаат затоа што тие фрлаат се на карта на електричните возила. нема ништо лошо во таквите возила, но постојат причини зошто не се решение за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ