Ф1 размислува за замрзнување на развој на моторите

Формула 1 ќе воведе уште една мерка која се однесува на развојот на моторите како итна мерка со цел да се намалат трошоците за развој кај тимовите. Пандемијата што го зафати светот има голем финансиски удел врз сите во спортот и поради тоа треба да се намали трошењето во иднина за да се осигура издржливоста на серијата.

Како дел од мерките веќе се одложија новите правила за 2022 година, а се зазговара и ново одложување до 2023 година.

Очигледно е дека се потребни и нови мерки со кои ќе се намалат трошоците, а се бара и лимитирање на буџетот веќе од наредната година наместо со новите правила од 2022 година. Но, веќе има загрижени дека намалувањето од 25 милиони на претходно договорените 175 милиони долари ќе им наштети на топ 3 тимовите.

Друга можност е лимитиран развој на моторот со што би се ставило забрана за развој за неколку години. Ова драматично би ги намалило трошоци за развој и може да ги намали цените на моторите за клиентските тимови. Од друга страна се водат и разговори за одложување на правилата до 2023 година што ќе се реши откако ќе заврши пандемијата со коронавирусот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ