Ф1 раскина со Tata Communications

Tata Communications, долгогодишниот партнер на Формула 1 официјално ја пркекина соработката со врвната моторспорт тркачка серија со која соработуваше 8 години.

Угледниот Forbes пренесе дека телекомуникацискиот гигант плаќал сума која секоја година се зголемувала за д биде Формула 1 партнер, а истата последната година изнесувала околу 4 милиони долари, односно вкупно 26 милиони долари откако станале дел од Формула 1 светот.

решивме да го прекинеме маркетинг партнерството со формула 1 и да истражуваме други платформи кои ќе ни овозможат да ја покажеме целосната моќ на нашите дигитални сервиси на нашите клучни клиенти.

го почнавме партнерството со формула 1 во 2012 година со мисија дигитално да го трансформираме спортот и да ја зголемиме свесноста за глобалните мрежни искуства помеѓу нив. нашите осум години во формула 1 вклучуваа над 150 трки секоја од нив со одредено ниво на иновации.

низ годините еволуиравме, така што сметаме дека во моментов е вистинско време да го прекинеме ова партнерство – изјави портпаролот на тата.

Во исто време тие се и мал спонзор на Мерцедес и Вилијамс, но тие партнерства продолжуваат. Сепак, од компанијата најавуваат дека ќе продолжат со соработка со тркачката серија.

горди сме на факот што осум години имаме централна улога во дигиталната трансформација на формула 1 и целиот систем овозможувајќи и на организацијата која раководи со спортот да иновира, а на актуелните шампиони мерцедес да победуваат. исто така работевме со над 20 телевизиски пренесувачи на спортот за да ја доближат акцијата до милиони гледачи низ светот.

нашата работ во формула 1 направи пат за водечки телевизиски мрежи како Sky Sports и Star Sports со кои остануваме да работиме. беше уживање и привилегија да се биде дел од најголемиот спортски спектакл на планетата.

иако нашето маркетинг партнерство официјално заврши на 31 декември 2019 година, продолжуваме да работиме со голем дел од формула 1, но во позадина.

Интересно, компанијата одбра да не ја прекинува сличната соработка која ја има со МотоГП тркачката серија. Заминувањето на телекомуникацискиот гигант е губење на трет голем спонзор последните три години за Формула 1 откако ја загубија и осигурителната компанија Allianz како и инвестициската банка UBS.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ