Ф1 рекорди кои може да се срушат годинава

Луис Хамилтон е во позиција да го сруши долготрајниот и еден од најимпресивните рекорди во Формула 1 во историјата, откако е во близина на 91 Гранд При победа, рекорд кој го држи Михаел Шумахер.

Британецот има 84 победи, само седум позади Шумахер и најверојатно ќе го надмине германецот доколку продолжи со импресивната форма од најмалку 9 победи во сезона по почетокот на хибридната турбо ера во 2014 година. Хамилтон е веќе единствениот возач во Ф1 историјата кој победил на барем една трка во секоја сезона во која учествувал.

Последователни шампионски титули кај конструктори

Мерцедес се изедначија со Ферари со шест последователни шампионски титули, а ако го сторат истото и годинава ќе бидат единствени во историјата. Екипата на Мерцедес ја сруши конкуренцијата во двете конкуренции од 2014 година и веќе стана единствениот тим кој стигнал до шест последователни титули во обете конкуренции.

Најмлад светски шампион

И Шарл Леклер и Макс Верстапен имаат можност да станат дел од Ф1 историјата доколку еден од нив го поради доминантниот Хамилтон и ја освои шампионската титула во 2020 година. Верстапен и Леклер нема да наполнат 23 години се до Септември и Октомври годинава, што значи дека ќе го подобрат рекордот на Себастијан Фетел како најмлад возач која ја освоил титулата со 23 години и 134 дена во 2010 година.

Пласмани на подиум

Луис Хамилтон веќе застана на подиумот импресивни 151 пат во 250 стартови, а моменталниот шампион е само 4 подиуми позади рекордот на Шумахер од 155, кој го постави при 308 стартови.

Најмногу Гранд При стартови

На 40 годишна возраст, Кими Раиконен е најстариот возач на гридот. Не треба да биде изненадување што финецот може да го превземе рекордот како најискусен возач на гридот. Моментално истиот припаѓа на Рубенс Баричело, со 322 стартови во неговата кариера помеѓу 1993 до 2011 година. Раиконен заостанува со 11 стартови и се очекува да го надмине бразилецот на Австриското Гранд При во Јуни.

Завршени трки во поени

Двајца возачи имаат можност да го срушат овој рекорд во 2020 година. И Луис Хамилтон и Кими Раиконен се на само 8 финиши во топ 10 позади Михаел Шумахер и неговиот рекорд од 221 трка со пласман во поени.

Гранд При победи со водство во секој круг

Луис Хамилтон може да го надмине својот идол, Аиртон Сена, со водство во секој круг во 19 од 41 Гранд При победа, доколку стигне до уште 1 триумф во кој ќе води од почеток до крај. Во 2019 година тоа му успеа во пет трки, Кина, Шпанија, Монако, Франција и Абу Даби.

Најмногу пол позиции на иста трка

Ако Луис Хамилтон стигне до пол позиција во Австралија, тоа ќе биде нов рекорд со 9 пол позиција на една патека. Хамилтон веќе има 8 пол позиции во Алберт Парк и изедначен со бројот на Аиртон Сена и Михаел Шумахер.

Хамилтон може да се изедначи со уште рекорд на Шумахер, 8 победи на иста трка, доколку стигне до победа во Канада или Унгарија годинава. Со најдолгата сезона во историјата на спортот, шансите се големи дека некои од овие рекорди ќе бидат срушени во 2020 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ