Ф1 со двојно поголеми приходи за првиот квартал

Приходите на Формула 1 за првиот квартал од оваа сезона се двојно поголеми одошто за истиот период лани и се искачиле на 360 милиони долари.

Либерти Медиа, сопствениците на комерцијалните Формула 1 права открија дека растот се должи на тоа што во тој квартал се одржале две трки оваа година, а по пандемиските 2020 и 2021 година, публиката на голема врата се враќа на патеките кои се преполни. Така, со зголемените приходи, ланската загуба од 33 милиони долари за еден квартал е претворена во добивка од 34 милиони долари годинава.

во текот на 2021 година особено во првиот дел од сезоната, публиката на трките беше силно ограничена поради пандемијата, а падок клубот не ни работеше.

формула 1 не очекува финансиските резултати оваа година да имаат такви ограничувања затоа што посетеноста константно расне согласно одлуките на релевантните влади на секоја трка – се вели во финансиските извештаи.

Исто така, посочена е дека Формула 1 продолжува да ги проценува алтернативите на откажаното Руско Гранд При за да сезоната го задржи предвидениот број од 23 трки.

Примарните приходи на спортот пораснале од 159 милиони долари на 287 милиони долари за првиот квартал од оваа година споредено со претходниот поради уплатите на промотерите, медиумските права и спонзорските договори. Медиумските права се зголемиле поради зголемување на Ф1 ТВ претплатниците како и новите суми кои се наплаќаат согласно нови договори.

Исто така, растот оваа година се должи и на еднократниот износ кој Владата на Виетнам го платила поради неможноста да ја одржи договорената трка.

имавме феноменален почеток на оваа сезона продолжувајќи го силниот моментум од лани. новите болиди согласно новите правила испорачуваат она што се очекуваше од нив, донесоа поблиско тркање, повеќе претекнување, борба и возбуда. настаните привлекуваат многу публика и раснат – посочи доменикали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ