Ф1 со загуба од 104 милиони долари само во третиот квартал

Формула 1 направи загуба од 104 милиони долари само во третиот квартал од оваа година откако пандемијата продолжува да се шири, иако со почетокот на сезоната, почна да се полнаи и приходната страна на билансот на спортот.

Ф1 Груп забележа приходи од 597 милиони долари за периодот од Јули до Септември, што е помалку од 633 милиони долари генерирани за истиот период минатата година. Во исто време, ланскиот профит за тој период беше 32 милиони долари, а годинава тој период завршува со загуба од 104 милиони долари.

Приходите од организаторите на трки, продажбата на телевизиските права и спонзорските договори се алоцираат про рата на квартална основа во теко на годината.

Пртходниот, втор квартал од годината, не е репрезентативен затоа што не се одржуваа Гранд При трки во тие три месеци поради што спортот приходуваше 24 милиони долари наместо ланските 620 милиони долари, но 10 трки од вкупно 17 беа органииани во третиот квартал по што се вратија и приходите.

И покрај фактот што третиот квартал имаше повеќе трки од лани, сепак, организаторите годинава плаќаат далеку помали суми на Формула 1 на име организација на Гранд При викенд или пак не плаќаат воопшто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ