Ф1 со рекордни 386 милиони долари загуба

Формула 1 забележа огромна загуба во пандемиската 2020 година која влијаеше на календарот и трките кои и кога се одржаа, беа без гледачи.

Финансиските извештаи на Либерти Медиа беа објавени во Петок и покажаа дека приходот на тркачката серија се намалил за огромни 44%, додека вкупните загуби изнесувале дури 386 милиони долари. Приходите се намалени од 2.022 милиони долари во 2019 година на “само“ 1.145 милиони долари минатата година, додека скромниот профит од 17 милиони долари во 2019 година се претворил во енормна загуба од 386 милиони долари лани.

Вкупниот “колач“ кој треба да се подели помеѓу 10те екипи е намален од 1.012 милиони долари во 2019 година на само 711 милиони долари за минатата сезона.

плаќањата кон екипите се намалени поради согласно намалените приходи на спортот и сето тоа поради влијание на различни елементи. плаќањата за 2020 година вклучуваат и бонуси за потпшување на конкорд договоро кој ќе почне да важи од оваа сезона – појаснуваат од формула 1.

Најголемо намалување во приходите имаше кај ставката приходи од промотерите на трките кои во 2019 година сочинуваа дури 30% од вкупните приходи, а лани само 12% поради тоа што пандемијата донесе ситуација во која дел од организаторите не плаќаа за трките, а друг дел добија огромен попуст.

приходите од промотерите на трките беше намален поради тоа што трките се одржуваа без гледачи, освен вкупни три од календарот. тоа доведе до еднокрани промени во договорните обврски поради кои трките останаа во календарот, но беше генериран ограничен приход од истите.

Падот кај приходите од промотерите донесе раст и поголем процент на приходите од телевизиските права и тоа од 38% на 55%. Иако телевизиите имаат договор согласно кој потребни се минимум 15 трки за да мора да го платат договорениот износ за правата, сепак од Либерти признаа дека имало попуст на некои пазари.

приходите од телевизиските права во апсолутен износ се намалија поради договорните обврски со некои телевизии, склучување на еднократни договори само за минатата година.

Рекламите и понзорствата како дел од прихоите се зголемиле од 15% на 17% иако некој приход беше целосно загубен проади неодржување на некои трки и нормално неплаќање на спонзорите за истите.

рекламите и спонзорствата се намалија поради откажаните трки од кои не се генерираа пари од спонзорите. дополнително ограничените можности за присуство на трките го огрнаичија и присуството во вип деловите.

Паралелно со падот во приходот беа намалени и трошоците најмногу поради помалиот број на трки и алкуте прекуокеански трки за кои е потрбно голема логистика.

трошоците се намалија особено во последниот кварал од годината поради намалените трнспортни трошоци, логистика и поефтини трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ