Ф1 со шест спринт трки догодина

Формула 1 ќе одржи шест спринт трки следната сезона откако ФИА конечно одобри промени во календарот по неколкумесечни одложувања.

Формула 1 екипите и сопствениците на комерцијалните права, Либерти Медиа, едногласно во Април го поддржаа планот за зголемување на бројто на спринт трки откако ланските такви настани се покажаа како успешни. Но, ФИА го блокираше зголемувањето на бројто на спринтовите заота што Мохамед Бен Сулајем бараше да се провери финансискиот удел на таквите промени и да се договори дали и Федерацијата треба дополнително да инкасира од таквите настани.

Ставот на Претседателот на ФИА налути многумина во тоа време, а дури беше посочен и дека е алчен сакајќи да се “опари“. Но, сега се е завршено затоа што Светскиот Мотор Спорт Совет го одоби предложениот план. Во соопштението од ФИА, тие посочија дека одобрувањето на планот за спринт трки не резултирало со никаква промена во финансискиот дел.

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, го поздрави носењето на планот за шест спринтови догодина откако претхнодно неговиот напор да донесе повеќе спринтови не беше успешен.

задоволен сум што можеме да потврдиме шест спринт трки следната година и со тоа да го надоградиме доброто шоу кое потекнува од 2021 година.

спринтот носи возбуда од три денови за возачите кои се борат за поени уште од првата петочна сесија од настанот, носи драма и возбуда цел викенд, не само на главниот ден во сабота. повратните информации од фановите екипите, промотерите и партнерите кои многу позитивно го оценија новиот формат за кои сметаат дека и дава нова димензија на формула 1 и поради сето тоа мораме да осигураме успех и во иднина.

По потврдата на бројот на спринтовите за 2023 година, Формула 1 може да се сврти кон патеките кои ќе ги организираат истите. Годинава Имола, Ред Бул Ринг и Интерлагос ќе одржат спринтови.

Првиот човек на ФИА, Бен Сулајем, посочи дека тие морале да ја подесат својата пракса за да осигурат дека добро ќе се справат со дополнителниот товар кој со себе го носи дополнителната трка.

благодарение на тесната соработка со стефано доменикали и нашите колеги од фом, направивме темелна анализа на влијанието на спринт сесиите и ги прилагодивме соодветните параметри а да се осигураме дека ќе продолжиме да работиме како врвен регулатор.

спринт сесиите се возбудлив и дианички додаток на тркачкиот формат и покажавме дека се популарни минатите две сезони, така што сум сигурен дека позитивниот тренг ќе продолжи и мило ми е што светскиот мотор спорт совет ја одобри промената.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ