Ф1 треба да спречува политика во спортот

Според поранешниот возач, русинот Витали Петров, Формула 1 треба да ги спречува возачите од давање политички изјави на подиумот. 

Русинот го наведува примерот на Луис Хамилтон од Муџело каде тој носеше маица со натпис за апсење на полицијаците кои пукале во жена при обид за апсење. 

Муџело беше прва трка каде тој се појави со политичка изјава на подиумот. 

За мене, таа маица е повеќе од повикот за клекнување. Тоа е лична работа на секој возрасен.

Имаш право да збориш на сите медиуми и да даваш интервјуа, но мислам дека владата на Америка е свесна за проблемите.

тоа не треба да се носи во Формула 1, мислам дека пола од гледачите не знаат за што се работи додека не се објасни. Што ќе се случи доколку некој возач признае дека е хомосексуалец, дали излегувањето со знаме во бои на виножито е дозволено? Мислам дека ФИА не треба да дозволи вакво нешто – дециден е петров.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ